Здружението на жени менаџерки „Елитки“ на својата последна трибина одржана на 9 октомври на тема „Енергизирај за да водиш, поттикни за да успееш“ активно се вклучи во поддршката на Здружението ХОУП, чиј претседател е познатата адвокатка Мирјана Марковска, која успешно се бори со оваа состојба, која се јавила како последица на мозочен удар, но сака да им помогне и на другите луѓе да се здружат, да комуницираат и да си помогнат меѓусебно.
Марковска го основа здружението ХОУП чија цел е да ја подигне свеста за афазија. ХОУП е надеж и помош за сите кои се соочуваат со афазијата, но и Здружение кое активно работи на препознавање и превенција на здравствени состојби кои може да доведат до афазија.
Афазијата не е болест, туку е состојба или последица на мозочни нарушувања. Афазијата (не нужно) може да ја следат и други нарушувања на мозочните функции: помнење, перцепција, волеви движења.
Мисијата на ХОУП е да ги интегрира сите овие сегменти за да им го отвори патот на лицата со афазија и нивните најблиски, тие полесно да стигнат до целта како победници.
Марковска, апелира да се охрабрат, да веруваат. ХОУП е надеж и помош за сите кои имаат афазија да си помогнат меѓусебно на индивидуален план, но и на општа превенција и рехабилитација.
Член на Здружение ХОУП може да биде секое заинтересирано лице кое доброволно и слободно ќе пристапи во членство.
Oфицијалната веб страна – hope.org.mk.
Официјалната инстаграм страна: instagram.com/hope.org.mk.
Официјалната фб страница: facebook.com/hope.org.mk.
Официјален Youtube канал youtube.com/@hopeorgmk.
Здружение за помош и поддршка на лица со афазија ХОУП Скопје ул. Орце Николов бр. 75
контакт тел: 075-500-000; 075-500-110
e-пошта: [email protected].