еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Манастирот „Св. Порфириј“ во Газа, прибежиште за стотици Христијани и Муслимани

Mинатата недела, на 15. октомври, беше отслужена Божествена Литургија во храмот на православниот манастир „Св. Порфириј“ во областа Газа, пишува bigorski.org.mk.

И покрај тешкотиите со кои се соочуваат сите во Газа, уште од самиот почеток на војната меѓу Израел и Хамас, заради терористичката акција на Хамас и загубата на цивилни жртви, сепак Христијаните во овој реон успеваат да земат удел во богослужбите.

Присутните верници во преполнетиот храм просеа од Бога сили за да можат да се справат со тешкотиите среде подемот на воените дејствија, барајќи Он милостиво да ги заштити во оваа жестока војна.

Храмот, кој го носи името на Св. Порфириј, Епископот на Газа, е изграден во стариот град и датира уште од 407 година. Во VII век тој бил претворен во џамија, за потоа, во времето на крстоносните војни во XII век, одново да стане црква.

Веќе стотици цивили, Христијани и Муслимани, си нашле свое прибежиште од војната во оваа Обител“. Сајтот на манастирот јасно сведочи дека тука богослужбите непречено се одвивале и во претходниот период. Иако пред извесно време кружеше веста дека манастирот бил урнат при израелските бомбардирања, медиумите и самата официјална страница веднаш излегоа со свој демант на таа дезинформација.

„Грчката влада упати апел до израелските власти, барајќи заштита на овој историски православен манастир во Газа“, изјави премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, за време на неговата среда со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во Атина.

Два дена подоцна, на 17. октомври, се случи и втората соборна молитва за мир во светот. Молитвата која беше упатена од храмот подигнат на Голгота во Ерусалим, ги соедини сите во желбата за прекин на сите непријателски дејствија во Израел и Газа и за исцелението на сите ранети во војната, бидејќи секоја човечка душа заслужува почит како образ Божји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемурувачки видеа) Снимки од нападот на болницата во Газа

(Вознемирувачко видео) Сцените од болниците во Газа се трагедија

(Вознемирувачко видео) Ги закопуваат во масовни гробници, расте бројот на загинати во Газа

Фото:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Дирекцијата за заштита и спасување за набавка на пикап

Редакција

(ВИДЕО) „Војна“ на улиците низ Солун: Се судрија студенти и полицијата

Редакција

Каков имот пријавил Едмонд Адеми, кој е во фокусот на јавноста за дивоградбите во Охрид

Редакција