еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во август 36.390 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава, во август година, изнесува 36.390 денари, што е за 14.2 отсто повеќе во оснос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21.6 %), Образование (17.5 %) и Градежништво (16.5 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3.8 %), Административни и помошни услужни дејности (3.3 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна  (2.3 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата во август годинава изнесувала 54.595 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најниски нето-плати во април

Редакција

Пари за поголеми пензии и плати ќе има, Буџетот оштетен за над 500 милиони евра, тврди министерката Димитриеска Кочоска

Редакција

„Макпетрол“ оствари добивка од 9,4 милиони евра за девет месеци

Редакција