еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Белград се отвора ресторан на познатиот британски готвач Џејми Оливер

Ресторан од синџирот на познатиот британски готвач Џејми Оливер „Jamie’s Italian“ наскоро ќе биде отворен во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

На официјалната страна на белградскиот ресторан „Jamie’s Italian“ стои дека ресторанот ќе се наоѓа на улицата Херцеговачка, во населбата Белград на вода.

-Горд сум на „Jamie’s Italian“. Нашиот одличен тим е како големо семејство – тие ќе се грижат за вас додека уживате во вкусна храна, подготвена од внимателно избрани состојки. Одлична храна, врвна енергија и прекрасен амбиент, изјави Џејми Оливер за официјалната страница на ресторанот.

Џејми Оливер во 2017 година затвори шест ресторани од ланецот „Jamie’s Italian“ во Велика Британија поради поскапувањето на состојките за италијанските јадења што ги подготвува, што се случи по Брегзит.

Како причини за затворање на дел од ресторанот, покрај поскапувањето на состојките, се наведуваат и трошоците за обука на вработените и пад на посетеноста.

Сепак, рестораните од синџирот „Jamie’s Italian“ продолжија да работат во странство. По Ирска, Бразил, Португалија, Унгарија, Кипар, Индија, Катар, Саудиска Арабија, ОАЕ, „Jamie’s Italian“ наскоро ќе пристигне и во Србија.

Џејми Оливер стекна светска слава со своите ТВ емисии кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, во кои подготвуваше јадењата на брз и едноставен начин.

Тој е автор на неколку готвачи и сопственик на неколку синџири ресторани кои работат ширум светот.

МИА/Фото: „Jamie’s Italian“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починато лице пронајдено покрај возило на автопатот Велес-Скопје после наплатната рампа Отовица, сообраќајот по една лента

Редакција

Меркел: Отворање на првите поглавја од преговорите со Скопје и Тирана оваа година

Редакција

Странски политичари стојат на раце, македонските никако да застанат на нозе

Редакција