Според босанскиот бизнис портал biznisinfo.ba германскиот синџир Лидл, кој треба да отвори маркети и во Македонија, неофицијално, доцни со реализација на истите, не само во земјава, туку и на пазарите во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, поради тешкотии при пронаѓањето на локации за маркетите и нивно купување, но и поради стратегијата на синџирот истовремено да отвори повеќе маркети на пазарот кaј што влегува.
Па според него на отварањето на првиот маркет можеби ќе треба да чекаме од две до три години.
Лидл во Македонија основаше фирма во 2021 година, има отворено канцеларија и вработува работници, но засега почна да гради маркет само во Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Како изгледа канцеларијата на “Лидл“ во Скопје
Во Куманово треба да го гради Логистичкиот центар, кој ќе биде регионален, а не само за земјата, а се знае дека ќе има маркети и во Скопје и Кавадарци.
Беше најавено дека ќе има маркети во седум градови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Логистичкиот центар на Лидл во Куманово ќе биде готов најдоцна за година ипол
Во Хрватска Лидл основаше компанија во 2002 година, а влезе на пазарот во 2006 година, кога истовремено отвори 13 маркети.
Во Србија отвори канцеларија во 2010 година, а во 2018 година истовремено отвори 16 маркети во 12 градови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКСКЛУЗИВНО: Логистичкиот центар на Лидл во Куманово ќе биде регионален, не само за Македонија
ЕКСКЛУЗИВНО: Лидл купи земјиште и во Кавадарци
Фото: Лидл