еМагазин
Image default
Македонија

Јохан Тарчуловски: Ако гласам за уставните измени, нека бидам убиен

И Јохан Тарчуловски, се приклучи на дваесетината пратеници кои преку Фејсбук соопштија дека нема да гласат за уставните измени, предвидени со договорот за името со Грција.

„Јас, Јохан Тарчуловски, член на навивачката група со славно име „Комити“ од нејзиното создавање, член на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство (ВМРО-ДПМНЕ) од нејзиното создавање, бранител на Република Македонија за време на војната во 2001 година, што го платив со лична жртва одлежувајќи осум години во затвор по пресуда на Судот во Хаг (само и единствено поради тоа што сум го ризикувал сопствениот живот за да ја одбранам мојата, нашата татковина), обвинет што не сум го спречил македонскиот народ при неговиот влез во Собранието на 27. април 2017 година, татко на три деца и верен сопруг:

– Се колнам во Бога, во верата и во својата татковина Македонија, дека безусловно ќе го почитувам и штитам македонскиот Устав, дека нема НИКОГАШ да гласам за негово менување и без приговор ќе ги извршувам заповедите на македонскиот народ, чиј народен избраник сум во македонскиот парламент.

Во противен случај, нека бидам убиен од еден од моите собраќа Македонци со револверот или камата што овде ги целивам!

Никогаш Северна,
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!“, напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трајко Вељаноски ќе го бојкотира референдумот за името и нема да ги подржи уставните измени

Кои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласат за уставните измени предвидени со договорот со Грција

Поранешниот министер Никола Тодоров ќе гласа на престојниот референдумот

Јанчев: Мојот став да се гласа „против“ на референдумот е во согласност со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Фејсбук/Тарчуловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче апелираше граѓаните да ги откажат патувањата во Северна Италија доколку немаат итна потреба

Редакција

Пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на „Фајзер”

Редакција

Реџепи од Алтернатива се предомисли поради Левица, го повлекува потписот од „списокот“ на Мицкоски

Редакција