„На првата вечер на нашиот единствен фестивал на забавна музика Макфест, младите изведувачи ни ја презентираа новата енергија на фестивалот. Традиционалниот Макфест го продолжуваме во модерен дух и експлозија од младост,“ напиша штипскиот градоначалник Иван Јорданов на Фејсбук.
Фестивалот се одржува во салата на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, каде ќе се испеат вкупно 26 песни, од кои публиката слушна 13, а пет од нив се пласираа во втората фестивалска вечер.
Во ревијалниот дел настапија „Силви бенд“ и Лидија Кочовска.
Водители оваа година се Маријана Стојановска и Димитар Атанасовски.
Фото: Фејсбук/Иван Јорданов
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.