еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сончево и топло време денеска, температура до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Како што информира  Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови ќе се задржи релативно топло време.

Промена на времето се очекува в среда со повремен локален дожд, а в четврток наместа пороен со појава на грмежи.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инспекција влезе во „Бардовци“ по видеата во кои пациенти тепаат пациент

Редакција

(Видео) Хит на Твитер: Ладнокрвно „мотање“ тутун сред жестоки протести за „Монструм“

Редакција

Доктор Лазаров: „Еве зошто ПЦР за излез“

Редакција