еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стопанска Банка Битола ја зголеми добивката за 80,82% во првите девет месеци

Во првите девет месеци од тековната година, оперативниот резултат од работењето на Стопанска Банка Битола е позитивен и достигна ниво од 129,78 милиони денари, што претставува подобро остварување за 80,82 % споредено со истиот период од минатата година, информираат од таму преку Македонската берза.

-Нето-приходите од камати бележат зголемување за 38,94 %, односно 93,92 милиони денари во однос на остварувањето од минатата година. Приходите од камати се повисоки за 112,95 милиони денари, односно 35,48 %, додека расходите за камати бележат годишно зголемување од 19,03 милиони денари, односно 24,66 %. Остварувањето во оваа позиција го надминува планот за третиот квартал од 2023 година за 23,36 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се пониски за 10,72 милиони денари, односно за 9,94 % споредено со истиот период од претходната година. Притоа кај приходите од провизии и надоместоци беше евидентирано годишно намалување од 5,19 милиони денари, додека расходите пораснаа за 5,53 милиони денари. Остварувањето на планот за третиот квартал од 2023 година во оваа позиција изнесува 85,81 %.

Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 17,59 милиони денари и не бележат значајни годишни промени во апсолутен износ, а планот за третиот квартал од 2023 година е остварен со 86,86 %, велат од таму.

Останатите приходи од дејноста се пониски за 5,81 милиони денари споредено со периодот 1.1.2022 – 30.9.2022 година, кога беа остварени поголеми капитални добивки од продажба на преземен имот. Планот за третиот квартал од 2023 година во оваа позиција е реализиран со 74,32 %, велат од таму.

-Според проценките за квалитетот на кредитното портфолио во значително тешки економски услови за клиентите на Банката, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува -240,62 милиони денари.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа изнесува 1,14 милиони денари, следствено на ослободената ревалоризациска резерва од продажба на преземен имот, којашто се должи на продажба на дел од преземениот имот.

Трошоците за вработените бележат зголемување од 15,76 % во споредба со истиот период од претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 101,85 %.

Останатите расходи од дејноста се повисоки за 6,19 %, а реализацијата на планот за третиот квартал од 2023 година изнесува 97,08 %. Амортизацијата е пониска за 7,67 % на годишна основа, а планот е остварен со 86,77 %, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антони Пешев предложен за независен член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Миле Зечевиќ поднесе оставка од Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Ќе се спојат ли Комерцијална банка и Стопанска банка Битола?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тепачка“ за наплата на побарувања од стечајот во „Бетон Штип“: Парите си ги бараат 577 доверители

Редакција

Радев задоволен од средбите на Петков во Скопје, потсети да не се заборават главните прашања

Редакција

Европа ја доживеа втората најтопла зима во историјата

Редакција