еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Едно лице од ранетите во „Ист Гејт„ во критична состојба, другото пренесено на Клиниката за торакална хирургија

По денешното пукање во „Ист гејт мол“, едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков.

– Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциона сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент.

Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина.

Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани, појасни Арсенков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) МВР објави фотографија од напаѓачот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт

Вознемирувачко видео од нападот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт

Од Ист Гејт со детали за пукањето во молот

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Креативни и оргинални македонски заштитни маски

Редакција

Кичевчанец загина во сообраќајна несреќа кај гостиварско Ново Село

Редакција

(Фото) Голема трагедија: Најмалку 45 лица загинаа откако македонски автобус се запали во Бугарија

Редакција