еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) Охрид-таму каде што е душата на македонскиот народ, вели светски туристичкиот блогер Дацешин

Светски туристичкиот блогер Роберт Дацешин, кој по потекло е од Босна и Херцеговина, го објави третото од четирите предвидени видеа за Македонија, кои ги снимаше за време на неговиот престој овде.

„Охрид е сосема сигурно еден од најубавите градови на Балканот, а ова е приказната за него. Охрид. Град кој сигурно добри десет години сакав да го посетам и за кој слушав толку убави работи.

Некако, секого кој бил во Охрид на прашањето „како ти се допадна“ ми одговараше во суперлативи, фалејќи ја историјата, храната, луѓето. Од сите тие приказни, да  бидам искрен, и моите очекувања од градот беа прилично големи.

Очекувањата понекогаш се непријатна работа, бидејќи можеш и да се разочараш ако не биде така како што си замислувал. Она што можам да ви кажам после неколку дена додека бев овде, е толку се воодушевив од она што го видов што Охрид го сврстувам во редот на најубавите градови кои во животот сум ги посетил,“ вели Дацешин во описот за Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје-најнеобичниот град на Балканот, вели во новото видео светскиот туристички блогер Дацешин

(Видео) Светскиот туристички блогер Роберт Дацешин за Македонија: „Поради овие работи се заљубив во оваа држава“

(Видео) „Баравме змии, ама немаше,“ светскиот туристички блогер Дацешин со репортажа од Голем град

Фото: Дацешин/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Македонците влез во Црна Гора без ПЦР тест и без потврда за вакцинација

Редакција

Убава вест: Се појави донатор, Стефан ќе користи апарат за дишење додека му е потребно

Редакција

Каков имот пријавила Вилма Русковска, која Заев ја предлага да го води „новото СЈО“

Редакција