еМагазин
Image default
Локално

Родителите од Дебар Маало со петиција бараат повеќе полицајци каде што се собираат младите

Општина Центар дава целосна поддршка на петицијата потпишана од група граѓани/родители чии што деца учат во ОУ „Коле Неделковски“ во Општина Центар Скопје, информираат од таму.

„Петицијата која е доставена до МВР, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за локална самоуправа и Општина Центар е резултат на загриженоста на родителите за безбедноста на децата во реонот на Дебар Маало откога пред два месеци тие алармираа за насилство и девијантни однесувања од малолетници.

Во петицијата во која како родител се потпиша и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски се бара редовно полициско патролирање на локациите во општината каде се собираат младите, нивна едукација за препознавање на деликвентни појави и разни облици на насилство и педофилија, видео надзор и контрола во и надвор од училиштата, како и измени на законите со цел да се формира комунална полиција во рамките на локалната самоуправа,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Санкционирани 467 возачи во Скопје, од кои 101 за пречекорена брзина

Редакција

Стотина припадници на Армијата и два хеликоптери, се приклучија во гаснењето на пожарот на планината Серта

Редакција

(Фото) Автомобил паднал во Вардар кај болницата Аџибадем Систина, во тек е акција за извлекување

Редакција