еМагазин
Image default
Бизнис

УНИ Банка со добивка и зголемени приходи во третиот квартал

УНИ Банка АД Скопје заклучно со третиот квартал од 2023 година оствари позитивни финансиски резултати, информираат од Банката преку Македонската берза. 

-Остварените вкупни приходи од работење заклучно со третиот квартал од 2023 година изнесуваат 1.595.5 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од  11.7%.

Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 335.1 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 65% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период  од 2022 година се зголемени за 25.8%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население.

Во вкупните приходи од дејноста на Банката, треба да се истакне порастот на приходите од провизии од 5.5%, како резултат на растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти и привлекувањето на нови клиенти корисници на наведените услуги, велат од таму.

Остварените расходи заклучно со третиот квартал од 2023 година изнесуваат 1.260,4 милиони денари и бележат зголемување од 6.7% во однос на истиот период од 2022 година.

-Зголемувањето на расходите се должи, пред се на зголемувањето на административните расходи, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УНИ Банка со добивка во првото полугодие

УНИ Банка ќе дели дивиденда од 282,9 денари бруто по акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондот за здравствено осигурување вработува седум лица, плата до 32.825 денари

Редакција

Светска банка ја ревидира проекцијата за растот на македонската економија на 2,7% за годинава

Редакција

„ЗК Пелагонија“ со загуба од 54 милиони денари во првите три месеци од годинава

Редакција