Музејот во Сопот не бил на УЧК, изјави денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи и покрај фактот што во целиот објект се слават борци на терористичката организација, а на еден од ѕидовите остана да виси и карта на „голема Албанија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Исчезна“ плочата со картата на „голема Албанија„ во музејот на УЧК во Сопот
Во т.н. музеј е закачена и слика од лидерот на неговата партија, Али Ахмети, кој ја водеше УЧК.
Според Османи и покрај целата поставка во објектот, со која е очигледно, за кој е наменет, тој бил за одбележување на убиството на 60-мина селани во 1944 година, а УЧК како што е познато се формираше децении подоцна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети, според Османи, бил како поканет како гостин, а за прашањата за сопственоста на имотот, новинарите ги упати кај организаторите.
– Според моите информации, викаа дека е семејно земјиште, семејството тоа го изградило за да ги одбележи соселаните. Ние немаме никаков удел во тоа, само бевме поканети и претседателот Ахмети учествуваше, рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Има ли дозвола за градба музејот на УЧК во Сопот, во кој виси и картата на „голема Албанија„
На приватен имот бил музејот на УЧК во Сопот, вели Ковачевски
Фото: Ахмети/Фејсбук