еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој се заканува да не се продадат становите на Мијалков?

На 27. ноември ќе се продава нов запленет имот за случајот „Империја“ на поранешниот директор на Управата за безбедност и контразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Станува збор за три стана и гаража.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По која цена се продаваат становите на Мијалков?

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, вчера информираше дека вработени во Агенцијата биле мета на вознемирување и заплашување за да не се продаде запленетиот имот.

Тој заканите ги пријавил во Министерството за внатрешни работи.

Не откри точно кој се заканува, но рече дека вработени и заинтересирани граѓани за купување на имотот се соочиле со директни закани.

-Ние имаме псоебен ден во кој сите побарувачи можат да дојдат и да видат за каков стан и објект станува збор и во тој ден биле присутни сопственици кои кажале зборови, од типот „вие нема да купувате ништо тоа е наш имот“, и кон клиентите и кон вработените упатиле пораки дека нема да го дадат имотот, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата продаде два стана и земјиште на Мијалков, собра 244 илјади евра

Претходно беа продадени недвижности на Мијалков во Охрид, а во следните месеци повторно ќе се продаваат акции поврзани со него, за кои засега нема интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ни третина од запленетиот имот на Мијалков не е продадена

Фирма поврзана со Мијалков останува во Топ 10 најголеми должници на Листата на УЈП

(Видео+фото) Мијалков направи луксузна свадба на синот Јордан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот амбасадор положи венец на гробот на „бугарскиот“ револуционер Гоце Делчев

Редакција

Заболениот пациент со коронавирусот од Тетово e неподвижен, како се заразил?

Редакција

Злоупотребениот џип на МВР за патување во Грција е донација

Редакција