еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) „Не сум твој сон”, нова песна на Дина Јашари

Македонската пејачка Дина Јашари ја објави новата песна „Не сум твој сон”.

Автор на музиката и текстот е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов, кој исто така стои зад миксот.

Видеото е во режија на Александра Костадиновска, снимено од Дарко Митев, а монтажата е на Дарко и Александра.

Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лука Тошев, кој надвор од оваа улога е клучен член во бендот што ја придружува Дина на сите нејзини настапи во живо.

Стајлингот е на Сара Стојчевска.

Фото/видео: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телевизиските сниматели во Македонија шофери на камиони

Редакција

Предметот се спојува кога историјата безмилосно ни се напаѓа, Институтот за историја бара од МОН да го повлече концептот

Редакција

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје го отвора вториот уписен рок за академската 2024/2025

Редакција