Времето денеска ќе биде променливо облачно, со локални врнежи од дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој од пладне ќе го промени правецот во северен и наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Поради облачното време и правецот на ветерот утринските температури секаде се над нулата и се движат од 5 до 10 степени. Во текот на денот максималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени на југоистокот од земјата.
Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура се очекува да достигне до 12 степени.
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.