еМагазин
Image default
Локално

Полицаец нападнал заменик командир во Струмица

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против НД.(41) од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сторил  кривично  дело „малтретирање во вршење на службата“, соопштија денеска од струмичката полиција.

Имено, пријавениот вработен како полицаец во Полициска станица од општа надлежнст во Струмица од заменик командирот усно побарал да добие слободен ден на 20. септември, по што му било укажано да достави писмено барање. Н.Д. преку командирот на полициската станица доставил барање на што од страна на заменик командирот било нагласено дека распоредот се изготвува најдоцна до 12 часот и во иднина барањата за слободен ден да се доставуват навремено, заради планирање на службите на Станицата.

– Пријавениот Н.Д. во канцеларијата на заменик командирот започнал на висок тон да се обраќа кон него и во еден момент го удрил во пределот на вратот, стои во соопштението на СВР Струмица.

Секторот за внатрешни работи Струмица против пријавениот, како вработен во ПС ОН Струмица, ќе покрене постапка за дисциплинска одговорност. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починато 22-годишно момче пронајдено во влез на зграда во скопски Центар

Редакција

Поплави, оштетени покриви и возила, предизвика невреме во Скопскиот и Тетовскиот регион

Редакција

Скопјанка истепана во ноќен клуб

Редакција