еМагазин
Image default
Локално

Затворена сендвичарницата во Виница каде што стотина лица добија труење од храна

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со епидемиолог од Центарот за јавно здравје и претставници од Санитарно здравствениот инспекторат, викендов во Виница, извршија вонредна инспекциска контрола во угостителски објект – сендвичарница, по добиено известување дека има лица затруени со храна.

„Од страна на инспекторите за храна, угостителскиот објект е времено затворен, наредени се мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот. Земени се мостри од храната, за која Агенцијата ги чека официјалните резултати од лабораториското испитување, иако првичните наоди говорат дека се работи за бактериска загаденост.

Затруените лица се вработени во погон на фабрика за производство на мебел, за која оваа сендвичарница согласно договор, дистрибуирала храна два пати во текот на неделата. Aгенцијата за храна и ветеринрство во наредниве денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори кои произведуваат, подготвуваат и вршат дистрибуција на храна“, се вели во соопштението на АХВ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца скопјани се степале во аптека на „Партизанска“

Редакција

Двајца кумановци се тепале на бензиска пумпа

Редакција

Детали од МВР: Тепачката со стапови во Облешево била околу паркирање

Редакција