еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Саниран е дефектот на водоводната цевка, кој остави голем дел од Центар без вода

Саниран е големиот дефект на Кеј „Димитар Влахов“ во Скопје во непосредба близина на Младинскиот културен центар (МКЦ), кој од вчера претпладне остави без вода поголем дел од централното градско подрачје, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Дефектот, како што информираа од таму е саниран ноќеска во 03:50 часот.

Поради пукната голема водоводна цевка, поради која беше поплавена и улицата кај МКЦ, вчера од 08:50 часот без вода останаа и корисниците на дел од Крњево, Керамидница, Т.Ц „Ист Гејт“,бул.„Александар Македонски“ до бензинската пумпа „Лук Оил“, Пожарната, а намален притисок имаа населбите „Маџари“ и „Хиподром“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем дефект на водоводна цевка поплави објекти и остави без вода поголем дел од центарот на Скопје

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) На Мечкин камен двајца учесници во илинденската коњаница ги запросија девојките

Редакција

Се скараа кој го изградил автопатот Миладиновци-Штип како од џеб да ги дале парите

Редакција

Бугарската фирма од која ќе купуваме природен гас, добила лиценца на 15 септември годинава

Редакција