еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поевтинуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денеска одлучи бензините од ноќеска на полноќ да поевтинат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата пак се намалува за еден денар.

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,19 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 е 77 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 79,5, Еуродизел БС (Д-Е V) за 73,5, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 73 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,839 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,236 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,085 отсто, кај дизелот за 2,120, кај екстра лесното масло 2,043 и кај мазутот за 1,589 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,869 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силјан Михајловски нов претседател на Управниот одбор на фабриката „Карпош“

Редакција

Град Скопје бара агенција за привремени вработувања

Редакција

Деца раѓаат деца: Регистрирани 20 случаи на мајки под 15 години

Редакција