еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Да им помогнеме на мајка и болен син кои среде празници немаат храна

Ви го пренесуваме Фејсбук статусот на Габриела Јаковска од Здружението на граѓани “Софка – Тетово”, која апелира за помош на мајка и болен син, кои кои среде празници немаат храна.

-Људи мој, често кој пишуам апел имам “кнедла” у грло, не ми е свеедно, ама овој апел сега ми е најтежок од све до сега. Пред 2-3 године мислим, делејќи пакетчиња, некој позади мене викна:

– Габи, те вика женана.

Се свртев, средовечна жена гледаше у мене, појдов према неа…Се насмеав како увек, реков ајде?!

Би сакала да ве замолим, имам дете дома болно, ако може да му донесете едно пакетче, ќе се израдуа, Дедо Мраз кој ќе види.

Нормално дека немаше проблем, го викнав тогашниот Дедо Мраз и појдов по жената.

За прв пут тогаш го видов Даре. Беше болен ама не како ја што мислев, нешто онаке неарен…чешки таке да беше. Даре многу успорено пружи рука, многу бавно прозбори нешто и се озари кој виде Дедо Мраз. Се гушкавмо. Низ разговор со мајката дознав дека Даре веќе има починато братче и починат татко. (Добро бре Господе помислев у себе, аман имај милост)!

Неговата болест не се лечи, кажа мајката, лицето и беше како гума, како отрпнато од солзи, од гробишта, од болници, од животот…се насмеа кога погледна како Даре се радуа на пакетчињата.

Одеше на работа, се беше супер, одеше во ЗИК на работа….ЗИК, у ЗИК само физичка работа има за машки! Одел таму, а сега едвај оди?! Не се лекува болеста?! Зошто?!

Наредната година отидов пак, истата приказна само Даре уште поуспорен, полека крева поглед, свесен е, разбира што му се збори ама подобро ништо.

Некња бев пак, влегов, тетка Нате се расплака, Даре беше легнат настрана.

Даре гледај кој дојде? Викна мајка му, Даре не се сврте, пробуаше ама џабе.

Дојдов до него, успеа да се поткрене, се тресеше цел, го гушнав и му зборев, “ќе биде добро Даре, не се секирај”, ме загледа у очи, почна да плаче, погледот негов како да ме праша “ГАБИ НЕМА ЛЕК НЕЛИ”??? Даре е сега апсолутно неподвижен, болеста зела замав, неможе ни збор да прозбори, а се гледа дека сака, разбира све.

Даре е у пелене! Мајка му сама го крева, преоблака, бања, а не е мал, сепак е млад маж од 28 години. Го изгушкав, успеав и да го насмеем малку. Уште потешкото ме погоди на излагање од кј нив!

Габи, рече мајка му (ги кршеше прстите видов), а бе ако може нешто храна да ни донесеш?! За јадење ни треба, многу лекоој има, го носевмо …..не слушнав каде, слушнав дека МАЈКА И БОЛЕН СИН У СРЕД ПРАЗНИЦИ НЕМАА ХРАНА!

АКО ДО СЕГА СУМ ВЕ МОЛЕЛА СЕГА ВЕ ПРЕКОЛНУАМ, ДАЈТЕ ДА СЕ ПОМОГНЕ НА ЖЕНАВА. СУДБИНАТА НЕЈЗИНА ПОТЕШКА И ПОЦРНА НЕМОЖЕ ДА БИДЕ! НИКОАШ НЕ ДОСАЃА, НЕ ТРАЖИ! ВЕ МОЛИМ КОЈ МОЖЕ И САКА ДА ПОМОГНЕ СО ХРАНА И СРЕДСТВА ЗА ХИГИЕНА МОЖЕ, НЕКА МИ ПИШЕ У ПОРУКА ИЛИ НЕКА СЕ ЈАВИ НА: 078-223-095 Габи!„.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 10,5%: За една недела 816 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција

Десничарската Народна партија победи на изборите во Шпанија, неизвесно кој ќе оформи парламентарно мнозинство

Редакција

Совети како да заштедите, да го намалите отпадот на храна и да ја зачувате животната средина

Редакција