Новинарот на Алсат-М, Адриан Керими ја искинал новинарската легитимација од Владата на Република Македонија, оти не била напишана на албански јазик.
„Таква лична карта не прифаќам! Се додека не го почитувате мојот мајчин јазик и не ги почитувате меѓународните правила за медиумите. Не зборувајте за слободата на медиумите, доколку не ги почитувате правата на новинарите“, напиша тој на својот профил на „Фејсбук“.
Денеска на редовната прес-конференција во Владата беше поставено прашање зошто легитимациите не се изработени на англиски и албански јазик, на што портпаролот на Владата Миле Бошњакоски, не одговори конкретно, туку само повтори дека тоа ќе биде единствениот валиден документ за влез на новинарите во Владата и дека и понатаму ќе се постапува по барањата за издавање на легитимации.
Фото: Адриан Керими/Фејсбук