Од Универзитетска клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје потврдија дека починал еден од браќата ранети во пукањето пред болницата во Тетово од пред неколку дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две лица ранети во пукање пред тетовската болница
Станува збор за А. М. (41) од тетовско Гајре.
Во пукањето, кое се случи на 11. јануари, беше ранет и неговиот брат З.М. (36), кој се уште се лекува на КАРИЛ.
Пред неколку дена од МВР информираа дека за пукањето беа приведени четири лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени четири лица за пукањето пред тетовската болница, по едно се трага
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.