Новинарот Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ се ослобени за случајот „Тревник“, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а кој се однесува на бесправно градење три викендички во скопско Зелениково.
Ваквиот епилог следи откако јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје го повлекол обвинението, информираа од Апелациониот суд Скопје.
Првата ослободителната пресуда за овој случај беше изречена во 2019 година, а истата во 2020 година беше укината од Апелација, па предметот беше вратен на повторно судење во Кривичниот суд во Скопје.
По втор пат, во 2022 година, повторно беше донесена ослободителна пресуда.
Фото: ТВ Сител
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.