Од МВР информираа дека во сабота во 16 часот и 24 минути во Одделението за внатрешни работи Струга е пријавено, дека во казино во Струга на 45-годишен човек од струшкото село Радолишта му се слошило и паднал.
Тој бил пренесен во Општата болница во Струга каде починал. По наредба на јавен обвинител врз починатиот е извршена обдукција, информираат од таму.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.