еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Граѓаните да не се мачат да одат во Фонд за здравство за исплати на породилно, боледувања, надоместоци за ортопедски помагала

Претседателот на Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Бранко Аџигогов денеска изјави дека за граѓаните ќе има рецепти и упати, но ќе нема плати во јавното здравство.

Шалтерите ќе останат затворени и нема да се работи на пресметки за исплата на плати во јавното здравство, капитации за матичните лекари, а нема да се реализираат ниту новите варботувања и преместувања во здравството, сѐ додека Владата не донесе нова препорака, со која ќе овозможи платите на вработените во Фондот да останат на сегашното ниво.

Аџигогов вели граѓаните да не се мачат воопшто да доаѓаат за барање за рехабилитација, за надомест на ортопедски помагала, барања за исплата на породилно, барања за исплата на боледувања, како и барањата за осигурување во странство, т. е. за двојазичните обрасци.

„Ќе нема исплата на породилни отсуства. Едното е, нашите лекари заедно со лекарите од болниците и здравствените домови кои учествуваат во комисиите да дадат наод, оценка, мислење за продолжување на боледувањето.

Надоместот за исплата на плата се случува доколку се надмине 30 дена, после тоа се поднесува кај нас барање за надомест,“ вели тој.

Сите подрачни единици на Фондот за здравствено осигурување во земјата од утрово прекинаа со секаков вид исплата. Штрајкуваат поради препораката на Владата да им се намалат платите за 21 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штрајкот на Фондот за здравство може да ги остави пациентите без боледувања и лекови, лекарите без плата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за случајот „Двојник“, за нелегално издавање пасоши на странски државјани

Редакција

Борел бара итно продолжување на дијалогот Белград – Приштина

Редакција

Војната во Украина го направи процесот на проширување на ЕУ политички, рече Лајчак на „Преспа форум за дијалог“

Редакција