еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Црвен картон за работењето на МОН: Студентите бараат навремена исплата на средствата, според календар

Студентите денеска организираа протест и покажаа црвен картон за работењето на Министерство за образование и наука (МОН), бидејќи Министерството не ги исплати студентските стипендии, ваучерите за превоз и спогодбите за ретро-активна исплата на стипендиите во предвидениот рок – крајот на јануари.

Овие средства МОН ги исплати непосредно пред закажаниот протест.

„Во статусот на министерот беше напишано дека се легнати средствата, но според ветувањата средствата требаше да бидат легнати првично средина на јануари, па крај на јануари, а тоа е само за стипендиите, покрај тоа имавме ретро-активна исплата, имавме мерка ваучери за превоз како и проблеми со судентскиот оброк.

Така што овој револт е создаден поради ненавремената исплата на сите мерки и неодговорното работење на самата институција“, изјави претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Кирил и Методиј, Александар Николовски, кој посочи дека следниот чекор на УСС ќе биде иницијатива за воспоставување на календар до кој МОН ќе треба да се придржува и да има навремена исплата на сите мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ученичките и студентските стипендии за 2023-2024 година се исплатени, велат од Владата пред денешниот протест на студентите

Фото: Радио МОФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Протести на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и 15 градови: Се бара оставка на Заев

Редакција

Дали е татко на Вања инволвиран во нејзиното грабнување? Тој негира

Редакција

„Данела Арсовска предизвика земјотрес на Западен Балкан“: Српските медиуми за оставката на премиерот Заев

Редакција