еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апсурдни ситуации при издавањето на документи со „Северна“

Редица граѓани имаше утрово во една од техничките станици во Скопје, дел од нив за да го запазат рокот за промена на сообраќајните дозволи од Република Македонија во Република Северна Македонија.

Голем дел од нив бараа налепници НМК, но истите се уште не беа испорачани.

Револтирани и огорчени заради метежот и наметнатите трошоци, дел од нив раскажаа и апсурдни ситуации.

„На 2. февруари регистрирав кола, и тогаш побарав да ми ја сменат сообраќајната дозвола за да биде со новото име. Ми рекоа нема потреба. Десет дена подоцна, повторно чекам ред, за да ја завршам истата работа,“ вели една граѓанка.

Голем дел од граѓаните реагираа и за личните документи кои државата не им ги издаде со новото име изминатите години, иако името на државата беше сменето во 2019 година.

„Името на државата сменето во 2019 година, вадиш пасош во 2021 и ти го издава со старото име, за потоа да мораш да вадиш нов пасош,“ реагираат граѓани на социјалните мрежи.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, неодамна потсети дека и сообраќајните дозволи треба да бидат сменети.

„Сообраќајната дозвола е за надвор, бидeјќи на граница треба да ја покажете, на царина, а таму има исто име. Така што, да ги потсетам граѓаните дека и сообраќајните дозволи треба да бидат сменети,“ изјави Османи.

Во дел од техничките станици, веќе се пристигнати налепници, и се создаваат големи гужви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Налепници НМК “нема ни за лек“; граѓаните револтирани: Што сменија Грците, ни таблите со името?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 882 случаи на Ковид-19 од 6.591 тестирања

Редакција

Пратениците дадоа зелено светло за предлог-законот за попис во прво читање

Редакција

„Македонски Телеком“ го доби тендерот на ЈСП-Скопје за комуникациска инфраструктура вреден 2,2 милиони евра

Редакција