Отворени се телефонски броеви за собирање на донации на Сандра Дејановска Крастев:
А1 143 478
Телеком 143 145.
Сандра е Македонка која моментално живее во Англија со сопругот и двете мали деца.
На 07.07.2020 година ѝ бил дијагностициран метастатски карцином на дојка (метастази на коските, лезии на црниот дроб).
„Поради нејзината дијагноза добивме позитивни повратни информации од болницата во Турција и тие се подготвени да ја прифатат Сандра како пациентка за да се бори и лекува со ракот со веќе подготвен план за лекување за неа.
Сандра е жена со непоколеблива желба да живее и да се грижи за своите две деца. И покрај предизвиците на хемотерапијата, нејзината решеност да се бори со ракот е упорна.
Сепак, финансискиот товар на лекувањето го загрозува нејзиниот сон,“ се вели во апелот за помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сандра Дејановска Крастев има редок тип на рак, потребни се средства за лекување во Турција