еМагазин
Image default
Македонија

За референдумот за името право на глас имаат 1.806.336 гласачи

На полноќ заврши јавната пропаганда и започна 48-часовниот молк пред референдумот што ќе се одржи в недела на 30 септември.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера извести дека кампањата „Твој став, твое право“ на Државната изборна комисија, како кампања од јавен интерес не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и може да се емитува и во петок и во сабота иако веќе ќе е молк пред референдумот.

Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“

Право на глас на плебисцитарното изјаснување в недела имаат 1.806.336 гласачи, запишано во Избирачки список. Гласачките места на 30 септември ќе бидат отворени од 7 часот до 19 часот.

Ден претходно, в сабота, ќе гласаат болните, изнемоштените, лицата во домашен притвор, затворениците, како и државјаните на Република Македонија во странство.

Референдумот ќе го надгледуваат околу 12 илјади домашни и речиси 500 странски набљудувачи.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На локалните избори за гласање се пријавиле 5.400, а на референдумот за името 1.859 болни и немоќни лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Македонскиот јазик ќе биде официјален во Унија од 500 милиони жители

Редакција

Максим Димитриевски најомилен, Али Ахмети најнеомилен политичар во Македонија

Редакција

Убава вест: 158 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција