Министерството за внатрешни работи информира дека граѓаните на Град Скопје од денеска ќе можат да проверат дали нивниот пасош е изработен или е во процес на изработка, електронски, на следниов линк termin.mvr.gov.mk.
Оваа се однесува на граѓаните кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите “Пролет“ и “МТВ„.
Од таму велат и дека во тек е надградување на овој систем со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Месечината слета првото комерцијално летало, во Македонија пристигнаа обрасци за пасоши
Фото: МВР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.