еМагазин
Локално

Во Тетово нападнати две лица кои делеле флаери за референдумот

На 27.09.2018 година околу 13,20 часот во Полициска станица Тетово, Д.А.(23) и Х.Џ.(18) двајцата од Тетово пријавиле дека на улица „Маршал Тито“, околу 11,50 часот најпрво биле навредувани, а потоа Д.А. бил нападнат од С.А.(43) од Тетово.

Двајцата тетовци кои пријавиле, соопшти денеска МВР, делеле флаери со содржина поврзана со претстојниот референдум. Според пријавеното, С.А. им ги згужвал флаерите, ги навредувал и во еден момент се обидел со тупаница да го удри Д.А, но тој го избегнал ударот, по што С.А. со нога го удрил по грбот и заедно со уште две лица, кои биле со него,  заминал од местото на настанот.

Се работи на целосно расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затвореник од Идризово преку телефон измамил седум лица претставувајќи се како директор

Редакција

Гости нападнале келнер на роденденска забава во игротека во Куманово, бидејќи предупредил за непочитување на протоколи

Редакција

Полицаец од Битола свирепо убил сограѓанин: Го застрелал, па го запалил

Редакција