еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

На кумановец му удриле во возилото, пукале кон него и му одзеле торба со пари

Денеска (16.03.2024), полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А. (28) и Е.А.(32), двајцата од с.Буковиќ, скопско, информираа од МВР.

Тие се сомничат дека на 15.03.2024 околу 20.20 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово со патничко моторно возило „ренџ ровер” со скопски регистарски ознаки удриле во патничко моторно возило „фолксваген пасат”, кое го управувал С.С. (63) од Куманово, при што пукале кон С.С. и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле возилото „ренџ ровер”.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за имунизација препорача трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, за здравствените работници и пациентите со имунокомпромитирана состојба

Редакција

Фронтменот на „Пинк Флојд“: Бајден е воен криминалец, тој го разгорува огнот во Украина

Редакција

„Дека“ се парите: Бројчаникот никако да почне да врти

Редакција