Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски формираше коалиција „Храбро за Македонија“ со Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР).
„Оваа коалиција се формира за јасно да кажеме дека нема да поддржиме ниту уставни промени, ниту притисоци, ниту уцени, ниту пред, ниту по избори и остануваме цврсто на ставот за разрешување на оние проблеми што вештачки се наметнуваат од страна на нашите партнери“, изјави Јакимовски.
Коалицијата останува отворена и за други партии, а услов за коалицирање по избори е непромена на Уставот и реформи во образованието и здравството, воспоставување квалитетна економска политика и подигање на нивото на социјална заштита и реформа на државната и на јавната администрација.
Лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски очекува народот да ја препознае коалицијата и да им ја даде довербата.
Фото: Фејсбук/Јакимовски