Убиството на 67-годишниот матичен доктор Ацо Трпковски во скопска Железара е во фокусот на јавноста.
Досега за истото се приведени три лица, а од полицијата информираа и дека има осомничени, како и материјални докази за тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема детали колку од овие лица директно или индиректно се инволвирани во убиството и за какви докази станува збор.
Онаа што е знае е и дека убиството не е поврзано со професијата на докторот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата изврши и претрес на локација во скопска Автокоманда.
Прегледани се и снимки од над 50 камери, а е разговарано со над 15 лица.
Докторот беше пронајден мртов пред неколку дена во неговото возило „киа рио“ со девет убодни рани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиениот доктор во скопска Железара има повеќе убодни рани: Детали од Обвинителството