Во тешка сообраќајка на улицата Магистрален пат во Кичево утрово во 4.50 часот загинаа три млади лица.
Во несреќата учествувале возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И. (19) од Кичево и возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е. (32) од кичевското село Трапчин Дол.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С. (20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П. (21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „пежо“.
На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.