И странска политичка партија има кандидати за престојните парламентарни избори во Македонија.
Станува збор за партијата „Самоопределување“ на косовскиот премиер Албин Курти.
Кандидатите се македонски државјани, а станува збор за Беким Ќоку од Струга, кој е советник на Курти за Македонија, кој е втор на листата во Изборната едница 6, во Изборната едница 1, кандидат е Нафи Селмани, а во двојка Медина Укшини.
Тие се листата на коалицијата „Вреди“, која ја сочинуваат Демократско движење, Алтернатива и Беса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Самоопределување“ на Курти не може да дејствува политички во Македонија
Учеството на Курти на изборите во Македонија предизвика многу реакции и во јавноста и во политичките кругови.
Според македонските закони на избори не е дозволено учество на партии од други земји, не може странски државјанин да биде на изборна листа и не може некој што членува во друга партија, освен таа што е носител на листата, да биде на листа, а во случајов, најдено е решение македонски државјани, кои членуваат во странска партија, да се најдат на кандидатски листи и да учествуваат на македонските избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Касами, Гаши, Меџити и Таравари за македонските избори кај косовскиот премиер Курти
Фото: Ќоку/Фејсбук