еМагазин
БЕСПАРИЦА

Агенцијата за вработување ќе истражува какви работници им требаат на работодавците

Од денеска стартува анкетното истражување за потребата од вештини на пазарот на трудот за 2018/2019 година кое Агенцијата за вработување на Република Македонија го спроведува согласно Оперативниот план за активни програми и мерки завработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година.

Целта на анкетата за потреба од вештини на пазарот на трудот е да се обезбедат информации за потребата на работодавачите од нови вработувања во наредните шест до 12 месеци и потребата од занимања и вештини со кои треба да располагаат кандидатите за планираните нови вработувања.

Од АВРМ велат дека анкетното истражување ќе се реализира во периодот од 1 до 31 октомври помеѓу работодавачите од приватниот сектор со седум и повеќе вработени.

Анкетното истражување ќе го спроведат вработените лица од центрите за вработување, а ќе бидат ангажирани и невработени лица од евиденцијата на Агенцијата за вработување на Република Македонија како поддршка во реализацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На дното: Пет најниски плати во Македонија

Редакција

Стопанската комора апелира пратениците во текот на денот да ги донесат законите од петтиот пакет мерки

Редакција

Животот лани поскап од 2020: Трошоците зголемени за 3,2, цените на мало за 4,3%

Редакција