Карикатурата изработена од Арменд Ајредини од Македонија го освои второто место на регионалниот конкурс за карикатури организиран од Министерството за надворешни работи на Холандија и организацијата Картун мувмент.
Првата награда му е доделена на Душан Перишиќ, карикатурист од Србија.
Амбасадорот Дирк Јан Коп ги објави победниците и ја отвори изложбата од избрани дела која ќе биде претставена во сите шест главни града на државите од Западен Балкан.
По повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите Министерството го објави конкурсот на кој се пријавија 95 уметника со вкупно 186 дела. Независното жири составено од експерти од сите шест држави избра 44 карикатури кои ќе бидат изложени во Ист Гејт Мол во Скопје до крајот на месецот.
Фото: Холандска амбасада