Железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија од денеска ќе биде во прекин поради појавени деформации на бетонски мост што се наоѓа помеѓу станица Градско и крстосница Кукуричани.
Како што соопштуваат од МЖ Транспорт, прекинот ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.
Во меѓувреме, возовите кои сообраќаа на релација Скопје-Гевгелија и Гевгелија-Скопје, ќе сообраќаат само до Велес и обратно.
Фото: Министерство за транспорт и врски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.