Јавното обвинителство поднесе предлог – обвинение за 12 лица за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт (АМС).
Неофицијално станува збор за сомнение за проневера на над 5 милиони евра, а Обвинителството само информираше дека лицата се сомничат за кривичните дела „Злоупотреба на службената должност“ и „Несовесно работење“, и за нив се побарани мерки на претпазливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наумче Мојсовски меѓу обвинетите за случајот со спортските ваучери, тој вели дека е невин
Предлогот е на иницијатива на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), која во февруари лани најави дека поради сомнение за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот за финансирање и распределба на спортските клубови, до Јавното обвинителство ќе поднесе иницијатива за кривично гонење на директорот на АМС, Наумче Мојсовски и двајца членови на Централната комисија.
ДКСК најави и иницијатива до Владата за проверка на одговорноста, а дополнително побара и вонредна контрола од Управата за јавни приходи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Антикорупциска бара кривично гонење на Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт