еМагазин
Image default
Локално

Државниот просветен инспекторат го истражува случајот со инцидентот во школото во Аеродром

Министерството за образование и наука и општина Аеродром попладнево преку соопштенија го осудија случајот со фрлањето на ученичка од прозорец од страна на нејзините соученици во основното училиште Ѓорѓија Пулевски“.

Во соопштенијата испратени од двете институции се наведува дека осудуваат секаков вид на насилство меѓу учениците и оти работат на целосно расчистување на случајот.

Од Министерството за образование и наука информираа дека Државниот просветен инспекторат веднаш по добивањето на информациите почнал инспекциски надзор за да се утврди фактичката состојба и да се лоцира одговорноста.

– По целосно завршување на постапката, од страна на инспекторите ќе биде подготвен извештај, врз основа на кој ќе се донесат и одлуки за следните чекори и понатамошни постапки, се наведува во соопштението од МОН.

Од општината истакнуваат дека се во постојана комуникација со претпоставените од училиштето и со надлежните институции со цел целосно да се расчисти случајот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека кај нив денеска е пријавено оти во петокот за време на малиот одмор четворица малолетници го фатиле за нозе и раце девојчето и го фрлиле од прозорецот во училницата на приземје. Девојчето се здобило со телесни повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите на децата кои фрлија девојче од прозорец на школо во Аеродром, повикани во полиција

Четворица малолетни ученици фрлиле нивна соученичка низ прозор од школо во Аеродром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Гевгелија регистриран еден новозаболен од корона вирусот

Редакција

Посебен сообраќаен режим низ Скопје, поради посетата на српскиот премиер Вучевиќ

Редакција

Радовишанец си градел на диво во Трпејца

Редакција