еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелацискиот суд во Гостивар ја укина пресудата на тетовскиот суд за пожарот во модуларната болница

Апелацискиот суд во Гостивар ја укина Пресудата на Основниот суд во Тетово за пожарот во модуларната болница во Тетово, со што на двајцата поранешни директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми повторно ќе им се суди.

Судот оценил дека првостепената пресуда на тетовскиот е нејасна, неразбирлива и неподобна за испитување.

„Ваквата воопштена и нејасна констатација на првостепениот суд, укажува на постапување на судот спротивно на член 408 став 6 од Законот за кривична постапка (ЗКП), според кој во образложението на пресудата судот е должен да ги изнесе причините за секоја точка од изреката, а особено фактите што ги цени како докажани или недокажани и од кои докази ги утврдил тие факти, од кои причини не уважил одделни предлози на странките, од кои причини се раководел при решавање на правните прашања и кои околности ги зел предвид при одмерувањето на санкцијата, односно отсуството на образложени причини за решителни факти, ја прави обжалената пресуда нејасна, неразбирлива и неподобна за целосно испитување по однос на нејзината правилност, на што основано се укажува во изјавените жалби на обвинетите“, се наведува во пресудата на Апелацискиот суд Гостивар.

Апелацискиот суд во Гостивар ја потврди првостепената ослободителна пресуда за лекарот Бобан Вучевски.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонка по 20 години „битка“ го победи ПИОМ кој и ги зел пензиите поради лоша евиденција

Редакција

Чешко МНР: Нацрт-текстот за проширувањето на ЕУ содржи термини за фалсификување на историјата

Редакција

Предлогот стаса, но се уште нема закажано седница за избор на Пенов за министер за локална самоуправа

Редакција