Медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Д-р Данил Петровски бил разрешен поради несовесно работење, велат од Министерството за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разрешен директорот на Токсикологија, Петровски, економската директорка која незнае македонски не
Според Министерството тој иако имал согласност за продолжување на договори за работа на 18 лица, не постапил по тоа, а и омаловажувал на национална основа.
-Ангажираните оделе на работа без договор и без плата за нивниот труд. 18 семејства ги остави без плата! Во неговиот мандат, Клиниката беше поплавена и неосигурана, а ангажираните секојдневно трпеа закани и омаловажувања на национална основа, стои во објавата на Министерството за здравство на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Докторот Беќаровски од МЗ обвинет дека навредувал етнички Албанци, најави тужба
Од таму велат и дека не бил разрешен пред изборите за да не се поттикнало нетрпение по национална основа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поплавена Клиника за токсикологија, која не е осигурана