еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како да ја проверите годишната даночна пријава од УЈП за 2023

Граѓаните на своите кориснички профили од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) ги добија пополнетите годишни даночни пријави за приходите за 2023 година.

Пријавата треба да ја потврдите или доколку истата не ја прикажува точната слика за износот на остварен доход и платени даноци, да ја корегирате.

За да ја проверите годишната даночна пријава се логирате на Вашиот кориснички профил.

На Вашиот кориснички профил се регистрирате ОВДЕ.

Доколку сте ја заборавиле лозинката од вашиот профил, кликнете на заборавена лозинка и ќе Ви се појави опција за да направите нова.

Кога ќе влезете во Вашиот кориснички профил, ќе ја видете пресметката на УЈП.

Истата можете да ја корегирате или потврдите до 31.5.2024 година.

По истекот на овој законски рок, потврдените и годишните даночни пријави кои не се потврдени, ниту се коригирани ќе се сметаат за конечни, додека коригираните даночни пријави ќе треба да се одобрат од страна на службено лице од УЈП.

Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, УЈП ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2023 година.

Кај обврзниците во чија пријава се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава (PDF документот).

Обврзниците во чија пријава се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истекува рокот на вториот јавен повик на Град Скопје, ниту еден возач од „Слобода превоз“ и „Макекспрес превоз“ не се пријавил на повикот

Редакција

„Порше лизинг“ го доби тендерот на ОТА за „рентање“ четири возила вреден 86.000 евра

Редакција

На 12 илјади лица со години не им биле префрлани средства во вториот пензиски столб

Редакција