Извршниот одбор на СДСМ на денешната седница донесе одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на партијата на 30. јуни 2024 година, по повлекувањето на Димитар Ковачевски од функцијата.
„Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација,“ велат од партијата.
Воедно, се наведува дека на седница којашто ќе се одржи в четврток, 30. мај 2024 година, Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија.
Ковачевски најави дека нема повторно да се кандидира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски се повлече од лидерското место во СДСМ, го повика целото раководство да го направи истото