еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Комеморација за Џаро во понеделник Ѓорче Петров, музички ѕвезди ќе зборуваат за него

В понеделник, на 3. јуни во Домот на култура во Ѓорче Петров од 12 часот, ќе се одржи комеморација за неодамна починатиот естраден и спортски менаџер Велибор Џаровски- Џаро.

Настанот симболично се организира на 40. ден од смртта на Џаровски и токму на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки. Ќе зборуваат неколку македонски музички ѕвезди и пријатели на Џаро со кои соработувал и се дружел во текот на менаџерската кариера во која организираше 5.000 концерти во поранешна Југославија.

„Како што во Југославија докажував дека Македонија не е културна провинција, така и Скопје го уверив дека ни Ѓорче Петров не е провинција“, рече Џаровски во автобиографската книга „Живот на коцка“ која излезе минатата година.

Идејата на овој начин да се сочува споменот на стариот ѓорчепетровец е на Општина Ѓорче Петров и на градоначалникот Александар Стојковски, кои заедно со семејството ја организираат комеморацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Велибор Џаровски-Џаро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Костадинов ќе го дочека спојувањето на Македонија со Бугарија на куково лето, вели Зајкова

Редакција

42-годишен прилепчанец пронајден мртов во парк

Редакција

Како може филм како „Пред дождот“ да те напушти со таа музика, вели Царовска

Редакција