еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Големо количество дрога наменето за Грција и Турција запленето на Богородица

Вчера (3 октомври 2018 година), на граничниот премин Богородица мобилните царински тимови запленија поголема количина на марихуана и хашиш.

Имено,  на граничниот премин Богородица, на излез од Република Македонија околу 12:30 часот се пријавило патничко моторно возило,  со албански регистарски таблици, управувано и сопственост на лицето О.Л. и  сопатникот А.Ј., двајцата државјани на Република Албанија. Истите не пријавиле ништо за царинска контрола.

Од страна на царинските инспектори од Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, возилото е селектирано и извршена е детална контрола на истото. При контролата, во подот од возилото, во специјално направен простор, пронајдени се 49 пакувања со зеленкасата тревкаста материја обвиткани со црна трака, за кои по извршеното вештачење утврдено е дека станува збор за 34,6 килограми марихуана и  9,8 килограми хашиш.

Дрогата е набавена во Република Албанија и била наменета за црниот пазар во Република Грција и  Република Турција. Вредност на запленетата дрога на црниот пазар во Македонија би изнесувала околу 65 илјади евра, додека во Грција вредноста би била дупло поголема, а во Турција трипати поголема.

Од почетокот на 2018 година па до сега, Царинската управа заплени околу 662 килограми марихуана, од кои најголемата заплена е во јануари (309,6 кг) на граничниот премин Богородица.

Царинската управа на Република Македонија, против лицата поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Фото:Царинска управа

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вангеловски: Со Заев сум се сретнал неколку пати, а тој се претставува како мој голем пријател

Редакција

Антикорупциска бара од Обвинителството кривично да ги гони Рашковски и Зекири за авторските договори во Генералниот секретаријат

Редакција

ДИК ја официјализираше победата на Гордана Силјановска Давкова

Редакција