еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не очекувам талибанско однесување, вели Мицкоски за најавата на Мицотакис дека прашањето за уставното име ќе го покрене на Самитот на НАТО

Ниту имам намера талибански да се однесувам, ниту очекувам во 21. век талибанско однесување од кој било политичар, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за најавата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека на претстојниот Самит на НАТО ќе го покрене прашањето за почитувањето на Преспанскиот договор од новите власти во земјава, особено во делот на употребата на уставното име на државата.

Тој повтори дека правото на слободно изразување и говорот е елементарно човеково право, а сè што е содржано во Преспанскиот договор и е дел од правниот систем и уставен поредок на државата, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува.

„Не можете да барате да се почитуваат законите, да владее правото, да спроведувате реформи, а од друга страна да сте лицемерни и да кажувате работи коишто не се вистинити и не можете да ги спроведете. Но, во моите изјави ова ќе биде името за мојата татковина, а тоа е Македонија,“ изјави денеска Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ќе го покрене прашањето за употребата на „Северна„ на престојниот Самит на НАТО, најави Мицотакис

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За референдумот ќе врне

Редакција

Јанушев го повика Груевски да се врати и да ja одлежи казната затвор

Редакција

Нови 333 случаи на Ковид-19, во Скопје 206

Редакција